Националното стручно жири оваа година по 27-ми пат го избира Автомобилот на годината во Македонија. Во продолжение ве запознаваме со годинешниве финалисти кои влегоа во потесниот избор.
Осум финалисти годинава ќе се борат за најпрестижната автомобилска тутула во Македонија.
Различни по категориска и класна припадност, но се една заедничка карактерна особина: секој од овие автомобили претставува значаен технички, технолошки и дизајнерски исчекор во однос на претходниците или пак претставува апсолутен новитет на производителот.
Во услови на светска криза при што производителите беа силно лимитиарни како во продукциските a не помалку и во продажните активности, Националното стручно жири продолжи да ја изполнува својата основна мисија – промоција на новопристигнатите модели на нашиот пазар.
И така во континуитет еве 27 години по ред, традиција на која сите треба да бидеме посебно горди затоа што е најдолга од овој вид на Балканските простори.
Идентично како и минаттиве години, членовите на Жири комисијата гласаат за еден финалист, од гласањето на самите претставници на финалистите се обезбедува уште еден рамноправен глас, исто како и од јавното гласањето на публиката кое се одвива на линкот на Изборот: www.coty.mk.
Покрај титулата „Автомобил на годината“ ќе бидат доделени и признанијата „SUV на годината“, „EV на годината“ како и признанието „Томислав Билјарац“ кое се доделува на поедници заслужни за посебен развој на автомобилизмот во државата.
BMW iX
Со димензии близу до моделот X5, целосно електричниот BMW iX го означува влезот на Баварците во светот на електричната мобилност.
Произлезен од концептниот BMW iNext тој е изграден врз целосна нова модуларна платформа која може да се прилагоди за користење во модели со различна големина.
Во случајот говориме за вградување на по еден електромотор на двете оски кои се подготвени за испорка на вкупно 503 КС. Вградениот сет на литиум-јонски батерии е дело на сопствениот развој, па оттука не би требало да изненадува фактот кој говори за капацитет од рамно 100 kWh.
Покрај вкупната тежина од 2,5 t, големиот SUV до првите 100 км/ч забрзува во време под 5 секунди, а притоа не нарушувајќи го радиусот на движење од цели 600 километри.
Извонредните перформанси се должат и на употребата на лесни легури, но највеќе до оптимизираниот менаџмент на трошење на електричната енергија. Малопродажната цена од околу 100К евра е на ниво на понудениот квалитет и врвните перформанси.
Dacia Sandero
Идејата за достапен а воедно и квалитетен автомобил функционира веќе 15 години, а 6.5 милиони купувачи распределени на сите континенти можат да ги споделат сопствените искуства.
Првиот Sandero е роден 2007 година на крилјата на успехот на ниско буџетскиот Logan задржувајќи го така вниманието на купувачите со својата примамлива цена и она што се добива за неа.
Сега на сцена е третата генерација на Dacia Sandero која сеуште ја краси атрактивната цена, но не помалку и современата технологија со која Sandero станува уште поатрактивна, поготово на пробирливиот европски пазар.
Во каросерија која ги задржува досегашните габарити се вградува гама од Euro 6d мотори сите одред со старт-стоп системи. Стартната моторизација ја сочинува еднолитарскиот тицилиндерски мотор SCe 65, продолжува преку неговата TCe 90 турбо верзија, се до интересниот TCe 100 Eco-G кој како погонско гориво може да користи и авто-гас.
Одличната цена за добиената противредност и понатаму останува главeн адут на романскиот производител кој функционира под патроната на Renault.
Honda Jazz
Jапонскиот претставник во суб-компактната класа отсекогаш се стремел кон врвот и еден вид алтернатива на премиум моделите, а тоа го заслужува со квалитетот, изработката, функционалноста, но и со цената што е на ниво на повисока класа.
Моторизацијата е со бензински мотор и со хибриден погонски систем, а во двата случаја бензинецот е 1,5 литарскиот, 109 КС во комбинација со електромотор, за вкупна моќ од 136 коњски сили.
Оваа комбинација со помош на e CVT менувачот овозможува економично и почисто возење со просечна потрошувачка од 3,6 литри на 100 км и емисија на CО2 од 82 gr/km.
Со габарит 4.044 х 1.694 х 1.526 mm (должина-ширина-висина) и со растојание помеѓу оските 2.530 mm нуди примерна пространост во класата, а со Magic Ultra Seats седиштата функционалност и пространост на миниван
Се нуди во три нивоа на опрема : Comfor, Elegance и Crosstar Exescutive.
Oсновната Comfort изведба има цена од 25.990 евра – многу(?), но веќе рековме, Honda е алтернатива на премиум марките, па и цената е на тоа рамниште.
Најопремената верзија Crosstar Executive има уште еден стилски плус во однос на претходните два нивоа. Имено таа има crossover става, односно нејзиниот клиренс изнесува 152 мм, додека кај останатите верзии оддалеченоста на најниската точка од подвозјето до подлогата е 136 mm.
Hyundai Tucson
Динамичен геометриски облик, остри агли и први на светот параметарски сокриени светла се комбинација која новиот Tucson го прави импресивна појава.
Со димензии: 4.500 х 1.865 х 1.685 (должина х ширина х висина) и со меѓуоскино растојание од 2.680 mm гарантира пространост и комфор во возењето.
Tucson нуди најширок опсег на електрични погонски склопови во сегментот на компактни SUV возила. Започнувајќи од 48V благ хибриден систем, го поддржува моторот со внатрешно согорување со дополнителен вртежен момент во текот на забрзувањето и при тргнување.
Хибридот со новиот 1.6 литарски T-GDi Smartstream бензиски мотор и електромотор со 44,2 kW, со 1,49 kWh литијум-јонска полимерна батерија со комбиниран вкупен излез од 230 КС.
Понудата продолжува со конвенционалните бензиски и дизел опции. 1.6T-GDI со 150 КС Smartstream бензиски мотор спарен со 6 степен рачен менувач и 1.6 CRDi 115 КС Smartstream дизел погон , преку 1.6 CRDi 136 КС спортски дизел споен со 7 степен менувач со двојна спојка (DCT) па се до 1.6 T-GDI со 180 КС. Тука е изборот помеѓу три мода на возење: Normal, Eco и Sport.
Можеме да ја споменеме врвната безбедност во возење со напредни системи за асистенција на возачот и во пакетот за активна безбедност со широк распон на иновативни функции.
Kia Sorento
Sorento е најголемиот, а со тоа и најлуксузниот SUV на Kia кој се продава на Европскиот пазар. Да, добро забележувате, Sorento од чист теренец еволуира во луксузен SUV од Д-сегментот.
Амбициите со високо поставени, па со своето четврто издание Sorento веќе силно чука на портата на премиум SUV возилата од високата класа.
Гледано од технички аспект тоа значи премин од решеткаста носечка структура во самоносечка каросерија. Практичното манифестирање се огледа во зголемена удобност при патувањата, на сметка на проодноста по екстремни терени.
За да нема разочарувања кај авантуристите, новиот Sorento се нуди со три различни мода за теренско возење кои би требало достојно да ги заменат механичките преносни компоненти.
И покрај современите бензинци кои сега без исклучок се електрифицирани, домашниот увозник одлучи Sorento да го понуди со дизелски агрегат од 2,2 литри кој ослободува 201 КС.
Бројките кои говорат за 9,2 секунди и 205 km/h мора да се респектираат, а заслугите им се препишуваат на новата платформа, адаптивното потпирање и аеродинамичната каросерија.
По цена од 50К евра се добива луксузно опремен седмосед кој се гарантира со седумгодишна општа гаранција.
Opel Mokka
Новата Mokka силно се дистанцира од своите претходници. Сега таа е забавна, ефикасна и иновативна. Затоа сосема заслужено го носи слоганот: „Помалку нормално. Повеќе Mokka“
Од дизајнерски аспект таа е вешто избалансирна комбинација на урбано возило и современ кросовер.
Всушност, тајната на успешната симбиоза се крие во адекватноста на младешкиот карактер и современите технологии. Атрибутите: млади, забава, современо живеење, сваќања, конективност … одлично и прилегаат на новата Mokka.
Храбро дизајнираниот кросовер се карактеризира со новата Vizir маска, и целосна дигитална внатрешност. Ако внимателно се погледне посветеноста кон дизајнерските детали се открива поцврстата поврзаност со своите француски блиски роднини.
Механичката основа останува во корпорацискиот двор. Понудените бензинци се добро познатите трицилиндерски (1,2 литри) пропулзии кои овде развиваат максимални 100 и 130 коњи, дизелот има зафатнина од 1,5 литри и 110 КС, а како што налага редот во понуда е и чисто електрична верзија.
Почетната цена на Mokka е поставена на 19.420 евра.
Toyota Yaris Cross
Мало враќање во историјата и на моделот од кој „се роди“ Yaris Cross не води до првата генерација на Toyota Yaris што ја понесе титулата Европски автомобил за 2000 година и оттогаш, од генерација во генерација донесуваше новини, а лани се појави нова креација произлезена од него со напредни технологии спакувани во тренди стил.
Веќе на прв поглед новиот Yaris Cross нуди нов впечаток, ново доживување во возењето и секако современ лик, напредни и чисти мотори, секако електрификација и богата опрема.
Погонските единици на Toyota Yaris Cross се бензинци и напреден хибриден погон. Бензинците се со работен волумен од 1,5 литри, со моќност од 116 КС (120 Nm) а хибридна моторизација е составена од 1,5 литарскиот бензинец, со вкупна системска моќност од 125 КС (152 Nm).
Механичката група за погон на предната оска се заокружува со мануелен менувач со шест степени на пренос за бензинските изведби, што доаѓа само со погон на предни тркала, а опција е CVT преносот, додека за хибридните изведби преносот на силата е само преку CVT менувач, а тука е можен и погон на сите четири тркала.
Опремата е систематизирана во пет стилски пакети: Fancy, Chic, Elegant, Adventure и Premiere Edition, а стартната цена е позиционирана на 19.590 европски банкноти.
Volkswagen ID.3
Со ID.3, Volkswagen претендира да понуди автомобил со нулта емисија на штетни гасови кој ќе биде достапен за широките народни маси.
Во современи услови тоа значи дека тој треба да вози на струја, да е практичен, лесен за одржување, и по можност да има заден погон.
Реални се изгледите тоа да биде токму моделот со целосно нова концепција, ID.3 кој теоретски би требало да го замени екстремно популарниот Golf.
Техничкиот аспект ни открива дека Volkswagen ID.3 е поставен на целосно нова MEB (Modularer E-Antribs Baukasten) платформа во чиј развој е вложено цело богатство.
Склопот, мотор-менувач-енергетски менаџмент, е сместен во едно куќиште, во склоп на задната оска, и е задолжен за движење на задните тркала.
Новиот „народен автомобил“ ќе вози само на електрична енергија која ќе ја испорачува сетот батерии. Во понуда ќе бидат три сета литиум-јонски батерии со капацитет од 45, 58 и 77 kWh. Следствено досегот им изнесува 330, 420 и 550 километри.
Ако се користи брз 100-киловатен полнач доволни се половина час полнење за да батериите се наполнат со енергија доволна за поминување на растојание од 290 километри.
На задната оска, како што и приличи на вистински изворен VW, ќе бидат вградувани електромотори со 110 kW (150 КС) или 150 kW (204 КС) кои ќе овозможуваат прилично изразена динамичност.
Почетната цена на ID.3 опремена со 45 kWh батерија и електромотор од 110 kW е поставена на 37 илјади евра.
Интересно
-
Наше мислење
/ пред 19 часаДржавата ќе го спасува Volkswagen
Опстанокот на големите автомобилски групации не е можен без државна поптпора. Пост пандемискиот...
Од Autoinfo.mk -
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk