СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Citroen C5 Aircross SUV веќе ја надмина бројката од 100 илјади примероци

 

За помалку од една година од појавувањето во продажните салони, Citroen C5 Aircross SUV го пронајде патот до над 100.000 купувачи. Со ваков резултат на францускиот производител бележи најголем раст во рамки на најголемите 12 автомобилски марки во Европа.

Минатиот јануари претставен, новиот Citroën C5 Aircross SUV веќе успеа да достигне 100 илјади продажби.

Овој резултат придонесе да биде третото најпродавано патничко возило на марката во светот (по C3 и C3 Aircross SUV). Во Франција, новиот Citroën C5 Aircross SUV е веќе докажан како втор најпродаван SUV во сегментот C.

Овој комерцијален успех одигра главна улога во достигнувањето на Citroën, да забележи најголем раст во рамки на 12 најпродавани автомобилски марки во Европа (во 30 земји) од почетокот на годинава досега.

Со своите најсилни адути, како што се уникатниот дизајн, комфорот и модуларноста, но и со 20-те уреди за сигурност и помош во возењето, новиот Citroën C5 Aircross SUV, ја потврди својата привлечност. Интересно, речиси 50%  од нарачките се со највисокото ниво на опременост (Shine).

Во Citroen очекуваат оваа комерцијална динамика да продолжи па дури и да  се забрза во 2020, особено со претставувањето на марката во Индија, каде C5 Aircross SUV ќе биде првиот модел од Citroën кој ќе се продава локално.

Лансирањето на новиот Citroën C5 Aircross SUV Hybrid и неговото Plug-in Hybrid издание (PHEV) кое беше претставено минатиот месец, се очекува да го дадат својот придонес кон успешниот од на моделот.

Да потсетиме, Citroen C5 Aircross SUV е сеуште актуелен носител на најпрестижната домашна титула „SUV на годината во Македонија“.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV