СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BYD го престигна Ford

BYD, најголемиот кинески производител, во третиот квартал го престигна Ford и го истисна од петото место на најголеми светски производители.

Според Nikkei Asia, во периодот јули-август најголемите светски производители бележат намалување на продажбата.

Toyota има намалување од 4% (2,73 милиони), додека VW Group, како втор производител на листата, во истиот период има пласирано 2,17 милиони (намалување од 7%).

И покрај намалување на продажбата од 3%, Hyundai Motor Group (Hyundai, Kia, Genesis) со 1,77 милиони единици е безбеден на третото место.

Истото не може да се каже за Stellantis кој со 1,14 милиони примероци (-20%) чија четврта позиција сериозно е загрозенa токму од налетот на BYD.

Заостанувањето на најголемиот кинески производител зад Stellantis изнесува само околу 10 илјади возила (продажба во третиот квартал од 1,13 милиони), па лесно може да се случи замена на местата со Stellantis (во својот состав има 14 брендови) кој последнава година е во силна депресија.

Со ова остварување, за прв пат во историјата на автоиндустријата се случува кинески бренд да надмине по продажбата еден од „големата тројка“ на американски производители.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот