СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW 507 од 1957 на аукција продаден за 2 милиони долари!

 

Американската аукциска куќа Bring A Trailer на аукција понуди редок примерок на BMW 507 произведен 1957 година за кој анонимен пасионер понуди највеќе, 1.957.507 долари.

Редок примерок од BMW 507 од кој вкупно се произведени само 250 примероци на аукцијата на Bring A Trailer релативно брзо дојде до својот нов сопственик. За примерокот произведен во септември 1957 година платени се безмалку 2 милиони долари.

Возилото е со комплетна историја, поседува цертификат BMW Mobile Tradition, оригинално упатство за употреба и комплетен алат за поправка.

За прв пат автомобилот е продаден во Рим, за потоа да промени неколку сопственици, а во 2000 година го преминува океанот и завршува во рацете на американски сопственик.

За време на својот животен век има доживеано неколку репарирања кои се одвивале под будното око на експертите од BMW.

Двоседот со платнен кров, BMW го става во продукција 1956 година, а од истиот во црна боја се изработени само петнаесетина примероци.

Погледот под хаубата значи поглед во историјата на добро познатата концепција со надолжно сместен мотор и погон на задната оска.

BMW 507 го придвижува V8 мотор од 3,2 литри кој преку четиристепен ZF менувач вртежниот момент го пренесува на задната Panhard оска. Предната оска е со независно потпирање со двојни триаголни рамиња.

За каков автомобилски раритет се работи најдобро може да се види од свежо направените видео снимки.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот