СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW и Daimler тужени во Германија

 

Граѓаните на Германија дигнаа глас и преземаа правни мерки против неисполнетите климатски ветувања на производителите на автомобили.

Први на удар се најдоа BMW и Daimler кои добија тужба бидејќи не ги заостриле доволно своите цели во поглед на емисиите на CO₂ и не се занимавале адекватно со климатските промени.

Тужбата која е прв од ваков вид во Германија им ја испорача невладината организација за заштита на околината Deutsche Umwelthilfe, скратено DUH.

Според информациите, организацијата подготвува уште тужба и против Volkswagen бидејќи трите производители се имаат обврзано да ја електрифицираат гамата, но не се трудат доволно за тоа.

DUH на почетокот на годинава им даде рок до 20 септември да ги задоволат нивните барања за ограничување на производството на возила со класични мотори до 2030 година, но тие го одбија тоа.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот