СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Bentley ќе стане електрична марка

Додека Volkswagen притиснат од електрификацијата ја крои судбината на Lamborghini, Bugatti и Ducati, за Bentley нема дилеми.

Британскиот производител истапи со храбра одлука за десет години да има целосно електрична гама модели.

Претставувајќи го својата стратегија за иднината наречена Beyond100, од Bentley истакнаа дека за ова се решиле имајќи ги предвид промените на автомобилскиот пазар.

Со реализација ќе се започне уште идната година кога ќе бидат претставени два плаг-ин хибридни модели, без да специфицираат кои, иако голема веројатност постои тоа да бидат Flying Spur и Bentayga.

До 2023-тата секој модел ќе има плаг-ин хибридна верзија, а првиот целосно електричен Bentley ќе пристигне во 2025-тата.

Веќе идната година сите модели на марката ќе бидат или плаг-ин хибриди или електрични, а финалниот чекор ќе следи до 2030 година.

До тогаш компанијата планира целосно да престане со производство на возила со мотори со внатрешно согорување.

Оваа одлука значително им ја олесни нивната интерна студија која покажа дека најмалку 55 отсто од сегашните купувачи се заинтересирани за електричен Bentley.

Паралелно со тоа ќе се менува и процесот на производство кој треба да стане карбон-неутрален.

Bentley во моментов е најголем производител на 12-цилиндрични бензински мотори во светот.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV