СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

AUDI E5 Sportback: Електричен луксуз и перформанси за кинескиот пазар

Audi беше првиот премиум европски бренд што влезе на кинескиот пазар, уште во 1988 година. Сега настапува со нов имиџ и ново лого, AUDI.

Времињата неповратно се сменија.

Ако тогаш германскиот технолошки гигант бараше додатен пласман за своите производи, сега бара начин како да најде кинески партнер со чија помош ќе понуди конкурентен производ на кинескиот пазар.

Конечно, германскиот премиум производител, во соработка со кинеската компанија SAIC Motor, го претстави својот прв модел E5 Sportback под новиот бренд AUDI (наместо четирите прстени сега стои натписот, AUDI).

E5 Sportback е чисто електричен автомобил наменет исклучиво за домашниот, кинески пазар и претставува симбиоза на германското инженерство и кинеските технолошки иновации.

E5 Sportback е петвратен електричен фастбек со динамични пропорции: должина од 4.881 мм, широчина од 1.959 мм и висина од 1.478 mm. Дизајнот е модерен и аеродинамичен, со осветлениот натпис “AUDI” наместо традиционалното лого со четири прстени.

Моделот се нуди во четири варијанти на погон, со моќност од 295 до 787 коњски сили. Најмоќната верзија забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,4 секунди и има досег до 770 километри според кинескиот CLTC стандард.

Батеријата од 100 kWh поддржува 800-волтна архитектура, овозможувајќи ултрабрзо полнење – за само 10 минути може да се наполни за поминување на додатни 370 километри.

E5 Sportback е изграден на новата Advanced Digitized Platform, развиена заедно со SAIC. Внатрешноста вклучува 27-инчен 4K дисплеј кој се протега од преку целата широчина на внатрешноста, управуван од Qualcomm Snapdragon 8295 чипсет, и сопствениот оперативен систем, AUDI OS.

Автомобилот е опремен со AI виртуелен асистент и напреден систем за асистенција при возење со 29 сензори, вклучувајќи LiDAR (Light Detection and Ranging) ласерски уред.

AUDI E5 Sportback е првиот модел под новиот бренд AUDI, наменет за технолошки напредните кинески потрошувачи. Моделот веќе е достапен во салоните низ Кина, со официјално лансирање и испораки планирани за летото 2025 година.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот