СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi претстави моноволуменец со неизвесна иднина

 

Третиот концепт на Audi од „сферичната“ серија својата премиера требаше да ја има на салонот на автомобилите во Пекинг, кој (повторно) е одложен.

Можеби и затоа се споменува дека е наменет за Кина, бидејќи тешко е да се поверува дека марката вакво нешто би понудила во Европа или САД.

Иако името му е „градско“, Audi Urbansphere нималку не е наменет за низ град бидејќи е долг 5,5 метри, широк 2 и висок 1,8 метри, со меѓуоскино растојание од 3,4 метри.

Во својата пространа внатрешност ги обединува луксузот на целосната приватност и сеопфатната понуда на напредни технолошки решенија предводени од автономните технологии од 4 ниво.

Четирите единечни седишта нудат првокласна удобност, посебно задните кои имаат цел низ опции за подесување и проѕирен екран со голем формат кој се протега низ целата широчина.

Ја користи напредната PPE платформа конструирана за поголемите електрични возила чии батерии од 120 kWh обезбедуваат автономија од 750 km.

Двата електромотора на сите четири тркала испорачуваат вкупно 400 KS, а поддржаните полначи од 270 kW за 25 минути ќе ги наполнат батериите до 80%.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV