СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Aston Martin кој можете да го возите во вашиот дом

 

Aston Martin AMR-C01 е симулатор кој перфектно го доловува возењето на вистинки болид – чини „само“ 73.500 долари.

За фановите кои ќе посакаат од топлината на својот дом да почуствуваат како изгледа возењето на еден Aston Martin, славниот производител на спортиви, е подготвен да му излезе во пресрет.

Во пребогатат историја, Aston Martin има произведено многу концепти, визии,  прототипови, модели, … но единсвтвено AMR-C01 ќе може да се „вози“ од сопствениот дом.

Единствен услов е да се има 73.500 долари (плус давачки), и да се биде брз во носењето на одлука затоа што вкупната понуда на симулаторот е ограничена на 150 примероци. Секако, треба и да се почека до крајот на годината за кога е најавена испораката на првите примероци.

За таа сума се добива брендирана „играчка“ која е изработена од јаглеродни влакна офарбана во неколку бои идентични на тркачките болиди. Седиштето и командите се изработени од исти материјали, но и во исти пропорции како и супер спортистот Walkyrie.

Кога се знаат овие позиции полека и цената си добива на оправдување. При изработката на AMR-C01, Aston Martin тесно соработувал со Curv, најпозната светска компанија во изработка на симулатори.

Останува дилемата дали Aston Martin со изработката на симулаторот тивко го најавува своето учество во Forula 1 трките.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV