Угур Сахин не е целосно задоволен од изгледот на Dodge Viper па понуди своja идеја која ја пласира во вид на Alfa Romeo Barchetta. Заедничко за двата супер спортисти е припадноста кон ист концерн.
Турскиот дизајнер кој работи во Холандија, е на мислење дека Alfa Romeo треба да ја збогати својата понуда со екслузивен модел.
Неговиот предлог доаѓа во вид на Barchetta USD (Ugur Sahin Design), со механика заснована на Dodge Viper. Изборот на технолошки донатор е логичен – двата бренда припаѓаат на истата, FCA групација.
Младиот дизајнер инспирацијата ја црпи од богатото искуство на „алфа“ поточно од моделот TZ1 Spider како и од каросеристот Dell’Ara кој ја преработил Barcehetta во 1981 година. „За да дизајнирам современо толкување на двата модела, ги изолирав класични елементи и потоа ги комбинирав со современи линии и нови површини“, им објаснува Сахин на германските новинари.
На местото на погонски агрегат се очекува да се ангажира потентен V8 или V10 мотор кој би прозивдеувал најмалку шестотини коњски сили. Во возбудувачките перформанси предвидено е да уживаат само возач и совозач и тоа во отворена кабина со физички одвоени седишта.
Би можеле да продолжиме со интерпретација на невероајтниот облик, но секоја фотографија од оваа дизајнерска перфекција не би можела да се замени ниту со милион зборови.
Дали во време кога Alfa Romeo ќе го гаси импресивниот 8C ќе најде сили, до детали разработениот концепт да го пренесе од екран на улица, е големо прашање. Во време на автомобили без многу емоции USD Barchetta би дошол како нова слика во колекцијата на Лувр.