СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Alfa Romeo Montreal слави 50-годишнина

 

По повод половина век од почетокот на производството на Montreal, Alfa Romeo организираше отворен конкурс за дизајн со кој го обележа јубилејот.

Alfa Romeo Montreal од 1970 год.

Веднаш да разјасниме, се работи за рендери со кои младите дизајнери ги претставувија своите визии за Alfa Romeo Montreal.

Извесен Педро Руперто Малосто (Pedro Ruperto Mallosto) се претстави со дизајнерска изработка која едноставно е – сензационална.

Тој ја реинтерпретира продукциската изведба на Alfa Romeo Montreal од 1970 година. Интересен е настанокот на Montreal кој всушност е претставен како безимен концепт во 1967 година во Монтреал.

Извонредниот прием кај публиката ги примора Италијаните после три години службено да го претстават на салонот во Женева и веднаш потоа да го вклучат во редовната сериска понуда.

За името на моделот никогаш не се водела дискусија поради фактот што сите говореле за концептот кој бил прикажан во Монтреал по затоа се сметало дека е природно и сериската Алфа да биде така наречена.

Прозиводството на Alfa Romeo Montreal траело 7 години, и токму поради неизбришливата трагата што ја остави зад себе, проиводителот одлучи да организира дизајнерски натпревар во кој ќе бидат прикажани идеите за тоа како денес би изгледал тој модел.

Една од спектакуларните изработки е делото на младиот бразилец кој својот дизејнерски занает го пече, погодувате нели, во Торино. А дали има шанси оваа прекрасна автомобилска скулптура да оди во редовно производство? За жал, земајќи ја предвид моменталната реалност, шансите за такво нешто се минимални.

 

 

 

Извор: Pedro Ruperto Mallosto преку Behance.net

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот