СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault Austral на чекор до лансирањето

 

Помина само еден месец откако Renault го најави наследникот на Kadjar, а тој веќе е подготвен за лансирање.

Моделот кој како што знаеме ќе се вика Austral влегува во последната фаза на своето тестирање, која вклучува возење во реални услови.

За таа цел флота од 100 маскирани прототипи со 900 возачи ќе поминат вкупно 600.000 километри, а уште 1.400.000 km ќе се комплетираат на затворени патеки.

Според соопштението на Renault, возењата ќе се извршат на патиштата низ Франција, Шпанија, Германија и, малку изненадувачки, Романија.

Овој SUV од Ц-сегментот ќе биде поставен на CMF-CD3 платформата на алијансата која ја користат и Nissan Qashqai и X-Trail.

Сите погонски единици што ќе ги има ќе бидат исклучиво бензински и електрифицирани – дизелите ќе бидат заобиколени во широк лак.

Французите засега ги споменуваат само 1.3 TCe агрегатите со 12-волтна mild-хибридна поддршка и за прв пат 1.2 TCe единицата со 48-волтна хибридна технологија.

Според нив, најмоќниот агрегат ќе има 200 коњски сили, а најчистиот ќе испушта 105 грама јагленород диоксид на километар.

Точниот датум на претставувањето на Renault Austral не е објавен, но сигурно нема долго да чекаме на него.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот