СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Претставен Hyundai Casper [видео]

 

Не издржа срце јуначко – сé почестите вести за идниот најмал SUV во гамата, го забрзаа Hyundai да го претстави.

Беше планиран за крајот на годинава, но очигледно сакајќи да се пофали со сработеното Hyundai ни ги сервираше првите, иако штури информации за Casper.

И не само тоа – извести и дека неговото производство започнува за две недели и дека наскоро ќе започнат да се примаат нарачки за него.

Овој мал SUV со забавен дизајн е поставен на K1 платформата за мали возила со која доаѓаат два еднолитарски мотора, со 76 и 100 коњски сили.

Димензиите го сместуваат во субкомпактната, дури и во мини класата – долг е 3,6 метри, широк 1,6, висок скоро исто толку и има меѓуоскино растојание од 2,4 метри.

Главни негови пазари ќе бидат азиските земји, со голема веројатност да се продава и во Јужна Америка, а мала дека ќе се пристигне во Европа.

Корејците очекуваат за него годишно да се најдат околу 70.000 купувачи.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот