СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Шпанците градат патишта од – хартија!

 

Не се така ретки обидите на градежниците да направат пат од некој друг материјал освен од асфалт или бетон.

Причините се повеќекратни – освен економските најгласно се споменуваат еколошките, бидејќи производството на асфалт и бетон испушта во атмосферата големи количини CO₂.

Досега каков-таков успех покажа користењето на рециклиран асфалт во слоевите на патот, но Шпанците отидоа неколку чекора понапред.

Тие започнаа со проект под назив Paperchain кој има за цел испитување на можностите во иднина патиштата да ги градиме од хартија.

Конкретно од отпадна стара хартија која не може да рециклира и место да заврши на депонија таа се пали и пепелта се користи за површината на патот.

Тие тврдат дека без оглед на согорувањето на хартијата, оваа технологија овозможува многу помала емисија на јагленород диоксид – за 65 до 75 отсто.

Првите практични примени на овој процес веќе се изведени на 1 km пат кој е покриен со овој материјал во близината на Валенсија.

Истражувањата покажале дека пепелта од хартијата според цврстината е слична на цементот.

Зад целиот проект стои моќната компанија Acciona, која веќе го има патентирано и сака да го пласира и надвор од Шпанија.

Нивна цел е да ја намалат употребата на цемент во изградбата на патишта за 18.000 тони годишно.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот