СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Лебедовата песна на Lotus

 

Во почетна фаза на големите промени со кои треба целосно да се електрифицира, Lotus понуди сосема нов спортски автомобил со прифатлива цена.

Emira ќе остане забележана во историјата на автомобилизмот по многу нешта, најмногу по тоа што ќе биде последниот Lotus со бензински мотор.

И тоа не со еден туку со два – Британците решија да ѝ кажат збогум на вековната технологија со дволитарскиот турбо од AMG и 3,5 литарскиот V6 од Toyota.

Првиот има седумстепена трансмисија со двојна спојка и 360 коњски сили, а вториот мануелен менувач и 400 коњи кои ги задвижуваат задните тркала.

Концепциски Emira е базиран на нова верзија на познатата лесна шасија и има димензии колку Evora, а дизајнерски се ослонува на електричната Evija.

Најголем напредок бележи ентериерот кој е драстично модернизиран и унапреден, со побогат избор на опционална опрема заради, како велат од Lotus, за да на основниот модел се задржи ниската тежина.

Токму таа е она што ветува возбудливи перформанси – забрзување до 100 km/h за малку над 4 секунди и максимална брзина од малку под 300 километри на час.

И сето тоа за некои 60-тина илјади фунти – колку точно ќе дознаеме кога ќе започне да се продава, некаде ова време идната година.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот