СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Познати деталите за новиот Kia Sportage [фото галерија]

 

Како што вети пред некое време кога ги објави првите фотографии на новиот Sportage, Kia малку подетално го претстави овој свој глобално популарен модел.

Преквалификуван како ултимативен урбан SUV, новиот корејски адут со радикален дизајн ќе биде достапен со цел арсенал погонски опции – бензин, дизел, хибрид и плаг-ин хибрид.

Палетата мотори на Kia Sportage ќе вклучува 1,6 литарски турбо бензинец со 180 KS и 265 Nm во комбинација со стандарден шестстепен мануелен или опционален седумстепен менувач со двојна спојка.

Дизелот останува како опција во некои региони во дволитарско пакување со 186 KS, но заради високиот вртежен момент од 417 Nm спарен само со осумстепен автоматски менувач.

Заедно со хибридните и плаг-ин хибридните во план се и други бензински и дизел верзии, за кои деталите ќе бидат познати кога ќе доближи официјалната премиера.

И покрај урбаната квалификација Sportage ќе има повеќе режими на возење меѓу кои и посебен кој ќе се прилагодува на за теренот во зависност од подлогата.

Објавени се и димензиите – должината 466 cm, широчината 186, висината 166 и меѓуоскиното растојание од 275 cm, кои иако не е специфицирано веројатно се однесуваат за подолгата верзија.

Верзијата со европска спецификација веројатно според димензиите ќе биде поблиска до актуелниот модел!

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот