СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Rimac Nevera – многу работи не се за верување…

 

…но сепак се вистинити!

Доаѓа од Хрватска, има 1914 коњски сили и чини два милиона евра – ако ова сервирано заедно со само една фотографија му го кажете некому кој не ги следи автомобилите, сигурно нема да ви верува.

Сепак тоа е Nevera, новиот електричен суперавтомобил на Rimac кој досега го знаевме како C_Two и веднаш да појасниме – името не е тоа што мислите туку е друг назив за бура.

А неговото појавување веќе предизвика голема бура уште кога јавноста го виде за прв пат, во Женева 2018 година.

Оттогаш многу работи се сменија, но сите на добро за младиот Хрват кој вложи многу знаење, труд, енергија и секако пари да го доведе овој модел до вистинско производство.

За разлика од претходниот Concept_One кој беше направен во само осум примероци, Rimac Automobili планира серија од 150 возила од Nevera, со темпо од едно неделно.

Првите ќе бидат готови уште годинава, а дека и покрај високата цена сите се распродадени, не треба да чуди.

Исто не треба да чуди што Мате Римац тврди дека Nevera до 100 километри на час ќе забрзува за 1,85 а до 300 за 9,3 секунди и дека ќе постигнува максимални 412 km/h.

Тоа му го овозможуваат 1914-те диви коњи напојувани од батериите со 120 киловат-часа капацитет кои ќе обезбедат автономија од 547 километри.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV