СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Првиот чекор е веќе направен

 

Последниве две недели сообраќајната полиција ја има насекаде – контролира, предупредува, казнува. Дали станува збор само за акција или ова ќе стане редовна практика која ќе ја донесе толку посакуваната безбедност на нашите патишта?

Вчера во Скопје се изречени околу 300 мандатни казни за сообраќајни прекршоци. Од страна на пајаците биле подигнати рекорден број возила. Полицијата ја има на сите патишта. Ова се само дел од насловите на домашните медиуми.

Во останатите градови, а уште повеќе и на патиштата кои нив ги поврзуваат, ништо не е поинаку. Присуството на полициските сужбеници е повеќе од очигледно, а тоа дава резултати.  Добар дел од возачите негодуваат, но многу поголем е бројот на тие што го оправдуваат однесувањето на сообраќајната полиција.

Ако во минатото констатиравме дека неодржливата (не)безбедносна состојба мора под итно да се решава, сега сите навиваме контролите да прејдат во редовна практика.

Стравот од правење прекршоци кои веднаш ќе бидат забележани и санкционирани, позитивно се рефлектира врз учесниците. Никој не сака директно соочување со полицијата – поготово кога однесувањето му е неадекватно.

Тоа е перцепција на секој учесник во сообраќајот, односно на најзначајната алка цо зинџирот – ЧОВЕКОТ!

Покрај присуството на сообраќајците на терен, секако ќе биде потребно да се поработи и на останатите два столба за безбедно одвивање на сообраќајот – ВОЗИЛАТА и ИНФРАСТРУКТУРАТА.

Само со таков приод ќе можеме да се отргнеме од последните места во Европа, барем кога станува збор за безбедноста на патиштата. Ни малку лесна задача за надлежните, но еве веќе кога се започна таква обемна активност, уште еднаш да потсетиме дека одвивањето на сообраќајот е сложена активност која бара сериозни системски решенија.

За да ја заокружиме моменталната слика ќе го нотираме и фактот дека на многу градски сообраќајници се изведуваат градежни активности, со истовремено „прекројување“ на лентите и зголемување на пешачките, и поготово, велосипедските патеки.

Одлично искористена прилика, која секако оди во прилог на побезбедното движење на сите категории учесници, поготово на најранливите.

Јасно, за продолжување на изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура потребни се сериозни финансиски средства, кои би требало да се одвојат од заедничките пари.

Но, засега остануваме без преземање конкретни мерки во делот на возилата. Веќе почна есента па со првите ниски температури неминовно ќе почнеме да дишеме загаден воздух што жестоко ќе не предупреди за преземање мерки и во третата основна компонента важна за целокупната сообраќајна безбедност во земјава.

За тоа, потоа – ќе кажат помалку упатените. Ама тоа „потоа“ ќе не чини многу поскапо отколку сега. Паралелното одвивање на процесите кои ќе доведат до зголемување на безбедноста на патиштата, е посакувана состојба од сите нас.

 

 

 

тескт: Агрон Сулејман

фото: МИА, pravdiko.mk, skopje1.mk

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг