СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Виетнамски ‘претседателски’ предлог од 164.000$ (видео)

Настапи самоуверено, но светот не го сфати сериозно – новооснованиот производител на возила VinFast кој го стави Виетнам на светската автомобилска мапа сака да го смени тоа.

Кај нас велат прво научи да одиш а потоа да трчаш, но Виетнамците очигледно не го знаат тоа.

Основан во 2017-та и со фабрика од 1,5 милијарди долари изградена за рекордно време, VinFast лани започна со производство на возила.

Првите два модела се седан и SUV базирани на BMW серија 5 и X5 од претходните генерации, со сериозни промени направени со помош на Pininfarina.

Но луксузниот предзнак што го имаат како да не беше доволен за Виетнамците, кои заради сопствен имиџ исфрлија специјална изведба на SUV моделот.

Наречен President, тој чини цели 164.000 долари за кои се добива 6,2 литарски V8 со 420 КС, осумстепен автоматски менувач и, секако, погон на сите тркала.

Не се за занемарување ниту перформансите – спринтот до 100 km/h трае 6,8 секунди а максималната брзина му изнесува здрави 300 km/h.

Се разбира, вистинската намера на VinFast не е да освојува купувачи со President, туку да му покаже на светот дека се сериозен производител на возила.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV