СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Џепна ракета – Toyota iQ со мотор од Kawasaki Ninja!

 

Се појавија фотографии на еден луд проект направен наменски за салонот на автомобилските преработки кој ќе се одржи во Токио идниот месец.

Не е познато како е дојдено до оваа идеја да се смести мотор од Kawasaki Ninja ZX-14R во малиот Toyota iQ, но нејзината реализација е неверојатна.

Задните седишта кои и онака се неупотребливи се извадени за да се направи место за четирицилиндричниот агрегат од 1.441 cm³ и 211 KS.

Напред се сместени пар тркачки седишта, трокрак Momo управувач и прилагодена инструмент табла, а издувните цевки се извлечени низ задните странични стакла.

Надворешноста е доста агресивно обработена со светла од GR Yaris, огромен браник напред, бочни прагови, капак на моторот од карбон и дискретен заден спојлер.

За жал, нема ниту збор за можностите на оваа џебна ракета.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот