СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Што сé нема да им текне за повеќе пари [видео, 4:24]

Германците открија, а светот се чуди – целосното управување на задните тркалата на електричниот Mercedes EQS ќе се активира преку интернет.

Но само ако неговите сопственици извршат претплата за тоа, која во споредба со цената на автомобилот и не изгледа така голема.

Имено, според Auto Motor und Sport тоа „задоволство“ ќе чини 489 евра годишно или 1.169 за три години.

За збрката да биде комплетна треба да се знае дека Mercedes EQS стандардно доаѓа со задна оска чии тркала се управливи, но само до агол од 4,5 степени.

Кај моделите за САД, пак, тие можат да се свртат за 10 степени, што им беше сомнително на германските новинари.

Така, откако малку се распрашаа, тие открија дека сите возила се опремени со механика за тоа, но за споменатата можност за целосно свртување на задните тркала се грижи софтвер кој треба да се активира.

Плус открија и дека за тоа е потребно автомобилот да биде опремен со опционалната камера од 360° која чини 1.130 евра.

Mercedes официјално сé уште ја нема објавено цената за EQS, но се очекува тој да чини нешто помалку од 100.000 евра.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV