СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Што стои зад вечното ривалство на Ferrari и Lamborghini

 

Сите сме слушнале за нетрпеливоста меѓу Ferrari и Lamborghini, но како всушност сé започна?

Конфликтот меѓу автомобилските производители влече корени од шеесеттите години, кога нивните основачи беа успешни бизнисмени, секој во својата област.

Имено, Енцо Ферари веќе беше докажан производител на спортски автомобили, а Феручо Ламборгини како син на фармер се збогати од производство на трактори.

Љубител на брзината како и секој Италијанец, тој во еден момент се решил да купи Ferrari за кое изнел бројни критики – дека автомобилот е премногу груб и често ја губел стабилноста на патот и друго.

Но Италијанец е и Енцо и темпераментен како и сите други му одбрусил дека еден произведувач на трактори не може да знае ништо за автомобилите.

Феручо ова го сфатил како навреда и решил да му докаже дека не е во право со тоа што ќе направи подобар спортски автомобил од него и во октомври 1963 година го претставил моделот 350 GT.

Оттогаш наваму, секогаш и секаде, Ferrari и Lamborghini се непомирливи ривали.

Lamborghini 350 GT

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот