СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Што возат најнедисциплинираните возачи во Германија?

Германците велат дека најмногу казнени поени во возачките дозволи имаат запишано сопствениците на Audi.

До овие податоци е дојдено со анализа на договорите за осигурување на возилата, врз основа на кои е заклучено дека оние кои возат Audi Allroad Quattro се најагресивни во кршењето на прописите, со 96 отсто повеќе казнени поени од просекот.

Следат оние со Audi A5 со 66 отсто, а големо изненадување се сопствениците на Škoda Superb кои имаат 57 отсто повеќе казнени поени отколку просечниот германски возач.

На четвртото место е BMW серија 5, а Mercedes CLK е пети. Следат Audi TT, A6 и Q5, BMW серија 3 и покрај Superb вториот странски автомобил меѓу првите десет, Volvo V70.

Колку за појаснување, осигурителните компании во Германија при пресметувањето на премијата за задолжително осигурување на возилата земаат повеќе фактори, меѓу кои и казнените поени што ги има возачот.

Тие овие податоци ги добиваат од сопствениците, кои во случај да излажат и предизвикаат несреќа ги чека непријатно изненадување.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV