Со Благоја Димитровски, генерален директор на Toyota Авто Центар, разговаравме за стратегијата со која брендот Toyota, според обемот на продажбата, успеа да се искачи на водечката позиција во Македонија.
Разговорот со г. Димитровски околу продажните резултати го започнуваме со констатацијата.
Немајќи релативни и меродавни податоци од официјалните институции, нашите бројки и анализи на пазарот во Македонија се базираат врз податоци добиени од нашиот принципал, Toyota Motor Europe.
Според тие податоци, пазарот минатата, 2021 година изнесуваше 6.603 нови возила, а Toyota на Македонскиот пазар продаде 661 возило. Оттука, со пазарен удел од точно 10 проценти, Toyota се позиционира на првото место.
>> Тојота за прв пат е на челното место, на што се должи тоа?
Тоа е комбинација на неколку фактори.
На прво место би ја ставил уникатната хибридна технологија која континуирано се развива уште од 1997 година. Јасно, тоа е највисокото експертско ниво на хибрид, препознаено од страна на клиентите, кое ни обезбеди отприлика 45% од вкупниот број продадени возила.
Како второ, Toyota уште од 2019 драматично го смени дизајнерскиот израз. Со тоа возилата добија препознатлив и подинамичен изглед кој, на наше лично задоволство и задоволство на Toyota, ни обезбедува поголема посакуваност од страна на клинетите а со самото тоа и зголемена продажба.
Третиот факт, што исто така би го издвоил, е што ние започнувајќи од месец јуни минатата година, на нашиот пазар воведовме 10-годишна гаранција на возилата.
Таа гаранција повторно е уникатна затоа што е со најдолг временски период, што исто важи и за прејдената километража од 200 илјади. Би сакал да напоменам дека се работи за фабричка гаранција што значи дека таа доаѓа со целосна поддршка од производителот.
Последно, но не најмалку важно, е и тоа што ние минатата година не се соочивме со сериозен проблем во однос на производство и испорака на возила. Поточно, имаше проблеми, имаше задоцнување но не како кај останатите производители.
Сметам дека ова се едни од најважните движечки сили коишто ни помогнаа односно ни обезбедија предуслови да го осигураме тоа прво место.
>> Каква е структурата на продадените возила, кој е бестселер на нашиот пазар?
Генерално тоа е моделот Corolla хечбек која е кратка верзија од Corolla седан, потоа Corolla седан која и во источниот дел од Eвропа, па така и во Mакедонија зазема сериозен пазарен удел.
Докажаниот квалитет, имиџот на најпродаван модел во историјата, потоа практичноста на багажниот волумен што, а и нејзиното ценовно позиционирање, претставуваат одлучувачки адути кај купувачите.
Трети се Aygo и Yaris, значи нашите претставници од „А“ и во „Б“ сегментот.
Тука би сакал да го потенцирам и SUV-от, RAV 4 затоа што со актуелната генерација, слободно можам да истакнам, Toyota е еден од лидерите на македонскиот пазар. Можеби не е најпродаван SUV но сигурно е во топ 3 најпродавани возила во овој сегмент.
>> …и покрај важечките цени
Да, и покрај цените што моментално важат поради фактот што тие во последно време се во континуиран раст. Причините за тоа се наоѓаат во растот на репроматеријалите за производство на возилата, растот на цените од добавувачите на компоненти, растот на транспортните трошоци…
Сепак сметам дека сите овие атрибути кои што претходно ги наведов целосно ја оправдуваат цената на нашите производи. Самиот факт што има значителна побарувачка и по монеталните цени значи дека се наоѓа одлична сатисфакција во односот на платено/добиено.
>> Тоyота е најголем светски производител, колку тоа помага?
Моќта не брендот сигурно дека помага и влијае, но за Македонскиот пазар тоа не би го ставил како главен адут. Иако како моќ на бренд, Toyota во последниве 6 до 7 години, не само на светскиот туку и на пробирливиот европскиот пазар се повеќе е во фокусот на клинетите.
>> Какви се движењата од првото тромесечие на годината?
Според нашите анализи, во првото тромесечие ние повторно сме број 1 на пазарот.
За ова прво тромесечие исто така би ги истакнал атрибутите споменати погоре, со тоа што како многу важен момент би ја истакнал навремената испорака и одличното планирање во смисла на оптимизираното производство во однос на побарувачката.
Да, и првите три месеци можам да кажам дека ни се одлични.
>> Што ќе има ново до крајот на годината?
За околу месец и половина очекуваме да пристигне Aygo Cross. Тоа ќе биде комплетно ново возило, со нов концепт. Како што кажува и самото име Cross, се напушта стандардниот концепт на Aygo кој беше етаблиран во A-сегментот, и се оди кон кросовер класата.
Тука морам да напоменам дека иако останатите производители креваат раце од малите градски возила поради намалената побарувачка и работење со помали оперативни маржи, Toyota одлучи да го откупи делот од фабриката во Чешка каде заедно се произведуваа Peugeot 107 и Citroen C1.
Она што е тука интересно во врска со овој модел, а што би сакал да го потенцирам, е дека ние веќе успеавме да имаме три порачки кои се направени онлајн, дури и пред да го видат моделот во живо.
Тоа на еден практичен начин ни укажува дека живееме во време на промени, но исто така живееме во време на промени од страна и на клинетите. Така да тие се веќе подготвени да прават и онлајн резервации и да купуваат возила уште пред да ги видат физички.
Исто така некаде во јуни-јули го очекуваме и првото електрично возило на Toyota, наречено bz04 („бијонд зеро“ 04) кое на македонскиот пазар официјално би бил претставен во период помеѓу јуни и август.
До крајот на годината, поточно уште во почетокот на втората половина ја очекуваме и Corolla Cross, така да семејството на Corolla составено од хечбек, седан и Touring Sport (караванска верзија) ќе биде збогатена и со SUV изведба на Corolla, односно со Corolla Cross.
>> За крај на разговорот, што би им порачале на вашите потенцијални клиенти
На нашите потенцијални клијенти би им препорачал да ги следат спецификациите, да ги следат понудите и опремите, затоа што живееме во време каде што цените рапидно и често се менуваат,… и едноставно да изберат мудро.
Интервјуто е направено за потребите на платформата www.avtomobilnost.org.mk
Агрон Сулејман
Интересно
-
Наше мислење
/ пред 16 часаДржавата ќе го спасува Volkswagen
Опстанокот на големите автомобилски групации не е можен без државна поптпора. Пост пандемискиот...
Од Autoinfo.mk -
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk