СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Убавата страна на електричната иднина [видео]

 

Откако Genesis, најпрестижната корејска марка, во рекорден рок ги стекна симпатиите на американските купувачи, ги прилагоди своите планови за блиската иднина.

Нив во дизајнерска и технолошка смисла започна да ги демонстрира со серијата концепти на тема Two lines, чиј најнов член е тукушто претставениот GT модел.

Наречен едноставно Genesis X, тој претставува визија на атлетската елеганција кај која споменатите две линии низ светлосни ленти влегуваат и на боковите на возилото.

Со интеграција на предниот поклопец и крилата во една закривена површина се добива на чистотата на линиите.

Саќестата маска придонесува за аеродинамиката, а зелените кочни клешти укажуваат дека се работи за електричен автомобил, за кој е непознато што е избрано за погон.

Но, тоа и не е толку битно бидејќи сериската иднина не му е загарантирана.

Тоа секако не е пречка да го погледнете империвниот видео прилог.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот