СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Турскиот TOGG подготвен за производство [видео]

Првиот турски автомобил е на само чекор од сериското производство.

Потврдата за ова која дојде од страна на компанијата TOGG е поткрепена со фотографии на првата каросеријата чие склопување е рачно завршено.

Од страна сепак се гледаат роботите кои на почетокот на идната 2022 година, за кога е планиран почетокот на производството на TOGG, ќе бидат во функција.

Со тоа се уриваат сите сомнежи на скептиците за иднината на овој прв целосно турски автомобил, креиран од страна на домашните стручњаци.

Брзиот напредок на работите е доказ дека турската автомобилска индустрија, здружена во конзорциумот TOGG со помош на државата, е способна да креира сопствен производ.

Овој електричен SUV најавен во 2018-тата, на голем гала-настан на кој присуствуваше и претседателот Реџеп Таип Ердоган беше претставен кон крајот на 2019 година.

Тогаш беше најавено дека серискиот модел ќе има повеќе верзии – со еден и два електромотора со моќност до 400 KS и батерии доволни за автономија за повеќе од 500 km.

После него планирано е до 2030 година да следат и други модели, меѓу кои и компактен седан и кросовер од Ц-сегментот.

Според проценките на економските аналитичари, 75 отсто од компонентите на возилата од марката TOGG ќе бидат од домашни добавувачи, а 25 отсто ќе се увезуваат од компании од Европа и Азија.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV