СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Техника

Трицилиндричниот мотор на Nissan од 1,5 литри и 400 КС ќе продолжи да живее надвор од трките?!

 

Тежеше само 88 килограми, а тогаш Nissan тврдеше дека ќе може да се понесе во рачниот багаж на авионите.

DeltaWing предизивика прилична бура кога прв пат се појави на 24 часа Ле Ман во 2012 година.

Тркајќи се под знамето на Garage 56, експерименталниот едносед беше обликуван како борбен авион за копно, и беше придвижуван од четирицилиндричен мотор на Nissan.

Во текот на следните неколку години, тој погонски агрегат беше оптимизиран, кулминирајќи со трицилиндрична брусилка со 400 коњски сили, која притоа тежеше само 40 килограми.

Целиот проект со DeltaWing на крајот пропадна, но каде се заврши малиот мотор остана непознато за јавноста. Така беше се додека екипата на Drivetribe не го пронајде во една британска работилница.

Во ретроспектива, моторот и автомобилот што го придвижуваше не отидоа многу далеку; тие беа складирани во објект во сопственост на RML Group, која го потпиша целокупниот развој.

Моторот е чудо на инженерството: тежи приближно колку модерен мотор на Vespa од 125 кубици, но сепак може да се пофали повеќе од 10 пати поголема зафатнина и развива 400 КС и вртежен момент од 378 Nm.

Овие бројки му даваат подобар сооднос сила-тежина од моторите што ги придвижуваа болидите на Формула 1 во таа ера. Тенок е, исто така.

Во јануари 2014 година, Nissan се пофали дека трицилиндарецот висок 50 cm, долг 40 cm и широк 19,7 cm, е доволно компактeн за да се носи како рачен багаж во авион. И за денешни услови ова звучи како вистински предизвик.

Според Drivetribe, RML успеа да изгради мотор со таква моќност со користење на решенија за заштеда на тежина.

Капакот на вентилите е направен со користење на јаглеродни влакна, а компоненти, како што се ремениците, се многу помали од оние што може да се сретнат кај редовните сериски мотори.

Имајте на ум дека оваа погонска единица беше развиена како мотор за трки, така што инженерите имаа помалку ограничувања отколку кога се развива мотор за, на пример, кросовер за масовно производство.

Уште една специфика, главата на моторот и блокот се лиени како една целина, а тоа ја елиминира потребата од заптивка за глава.

За среќа, денес немате можност за избор ако сакате трицилиндричен мотор со таква густина на моќност. Трите силиндри на Toyota (1,6 литри со турбо), вградени во GR Corolla, развиваат 300 КС и 400 Nm вртежен момент.

Дали е тоа шансата повторно да го видиме подзаборавениот мотор на Nissan во некој сериски модел? Се чини дека токму е тоа идејата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Техника