СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Со што нé пречека 2021-ва?

 

Деновиве си зедовме некој саат од одморот за да видиме со какви автомобилски новости ќе нé пречека новата 2021-ва, а таа ни сервираше што останало во 2020-тата.

Нешто заради електрификацијата, друго заради короната и од неа предизвиканите проблеми, трето заради нешто трето, ама со годината што помина која ќе сакаме што побргу да ја заборавиме, ќе заборавиме и на некои автомобили.

Искрено, меѓу нив нема некое позначајно име за кое сите би жалеле, ама всушност и не ги знаеме целосно.

Кога некој нов модел се појавува производителот труби за него на сите страни, а кога треба да ја напушти сцената, тоа се прави молчешкум, со свиткана опашка.

Така најчесто за тоа кој автомобил престанал да се произведува дознаваме од алтернативни извори, кои годинава што помина ни посочија неколку модели, меѓу кои први ќе ги споменеме Alfa Romeo Giulietta и BMW i8.

Во историјата отиде и Alfa 4C, но и Seat Alhambra која го најави прекинувањето на производството и на Volkswagen Sharan, а можеби и на VW Touran, Ford Galaxy, Renault Espace и другите поголеми од компактните моноволуменци.

Ford пак во американската понуда го исфрли Fusion, тамошниот пандан на европскиот Mondeo, кој и самиот најверојатно наскоро ќе се пензионира.

Во Европа и светот Mercedes се откажа од X-класата, а неизвесно е дали наследници ќе имаат и SLC и SL.

Од долниот крај на понудата на далеку поевтините модели веќе ги нема Škoda Citigo и Ford Ka+, но и Citroen C4 Cactus.

Освен споменатите, заборавени во некои темни делови на автомобилската историја ќе останат и неколку скапи и ексклузивни модели. Помеѓу нив се преубавиот Aston Martin Rapide, малку попрактичниот Ferrari GTC4 Lusso и луксузниот Bentley Mulsanne.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV