СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Со висока технологија против алкохолот

 

Холанѓаните воведоа иновативни мерки за да се справат со пијаните возачи

Alcoholic Drink and Car Keys

Според многумина, Amstel и Heineken се најдобрите пива во светот.

Тоа многу добро го знаат Холанѓаните, заради што бројот пијани возачи таму кои предизвикале сообраќајна несреќа е загрижувачки.

За да се справат со алкохолната закана, властите во оваа земја ја ангажираа високата технологија.

Секој што ќе биде условно осуден заради предизвикување сообраќајна несреќа при возење под дејство на алкохол, ќе мора околу ногата да носи специјален уред кој анализирајќи ја потта, непрекинато следи дали е конзумирано алкохол.

Уредот на секои половина час испраќа податоци до службите задолжени за следење на прекршителите на законот и ако се детектира непочитување на условната казна, тогаш следи вистински затвор.

Според првичните анализи, дури 71 отсто од „корисниците“ на овој уред не пипнале ниту чашка алкохол откога тој им бил поставен.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV