Моментално на нашиот пазар се нудат над триесетина возила на чист електричен погон што претставува поприлично богат избор за потенцијалните интересенти.
Нашиот пазар е на самите зачетоци на електрификацијата.
Условите за префрлување од возила со мотори на внатрешно согорување во автомобили што возат само на електричен погон, во мометов се прилично неповолни.
Доволно ќе бие да се спомене недостатокот на инфратруктура за полнење па да биде јасно кој стадиум на електрификација моментно го живееме.
И покрај тоа, понудата на целосно електрични возила е изненадувачки богата, а конкуренцијата кај електромобилите од ден на ден се заострува.
Подолу е даден список на возила кои се службено понудени од страна на домашните увозници.
– Audi
a) e-tron GT – Електрификација на Audi започна со спортската петметарска лимузина. Заедничката акција на двата мотора резултира ос 530 КС кои се напојуваат од сет батерии со капацитет од 93,4 kWh (за погон се употребливи 83,7 kWh).
Импресивните перформанси, забрзување од 4,1 секунди и максимум од 245 км/ч, во преден план го истакнуваат спортскиот карактер. Со наполнети батерии може да се движи до максимални 488 километри.
б) Q4 e-tron – Електричниот SUV со средна големина (L=459 cm) користи работен напон оф 800 волти. Двата електромора испорачуваат 299 КС, а се напојуваат од батериски сет чиј максимален капацитет изнесува со 82 kWh.
Крајната брзина е ограничена на 180 км/ч, а забрзувањето до првата стотка трае 6,2 секунди. Дометот од 520 км. се должи на пеосечната потрошувачка која се движи помеѓу 16.4-17.9 kWh/100km .
– BMW
a) iX1 – неодамна претставен, ја следи производната филозофија на баварскиот производител. Двата електромотора ослободуваат системска силина од 313 КС (494 Nm) а се напојуваат од пакет батерии со капацитет од 64,7 kWh.
Декларираната автономија се движи помеѓу 417 и 440 km, додека специфичната потрошувачка од 18.1 до 16,8 kWh/100km. Цената за варијантата iX1 xDrive30 изнесува 65.900 evra
б) iX – Родоначалникот на новата ера на BMW во стартната верзија има вградено сет батерии со капацитет од 76,6 kWh. Двата електромотора развиваат 326 КС (630 Nm) кои овозможуваат максимален домет од 630 km. За варијантата iX xDrive40 треба да се издвојат 90.620 evra.
в) i7 – Луксузната лимузина ја движат два електромотора со заедничка силина од 544 КС (745 Nm). Големата батерија од цели 105.7 kWh овозможува радиус на движење од 591 до 625 км. Верзијата i7 xDrive50 чини 160.950 евра.
г) i4 – за сума од 72.390 евра може да се добие i40-ка со 340 КС (430 Nm). Со декларирана потрошувачка помеѓу 16.1 и 19.1 kWh/100km со едно полнење може да се поминат помеѓу 493 и 590 km.
– Citroen
ë-C4 – копактот на Citroen ја користи стандардната корпорациска постава: батерија со капацитет од 50 kWh и електромотор поставен на предната оска од 100 kW (136 КС и 260 Nm). Со просечна потрошувачка од 15kWh/100km може да се поминат до 350 км. Цената, со Feel опрема, изнесува 42.990 евра.
– DFSK
Seres 3 – Seres е електричен бренд на големата кинеска корпорација. Во подницата на моделот е сместена батерија со капацитет од 53.6 kWh која на суб-компактниот кросовер му овозможува автономија од 329 km. Seres 3 може да се добие за 31.090 evra.
– Ford
Mustang Mach E – америкаскиот производител со нескриени амбиции настапува со својот луксузен електричен SUV. Во стартната верзија е вграден сет батерии од 75.7 kWh кои движат два електромотора со вкупна силина од 269 KС.
Декларираната автономија на 4,7 метарското возило изнесува 400 км, при што просечната ангажираност на енергијата изнесува 19.5 kW/100km. Перформансите се возбудливи: 6.3 секунди и 180 км/ч.
– Fiat
500e– Во електричниот стилист е поставен мотор од 118 КС кој може да повлече до 150 км/ч. Батеријата од номинални 42 kWh во комбиниран циклус на употреба овозможува автономија помеѓу 312 и 321 км. Цената на верзијата Plus Icon изнесува 39.500 евра.
– Hyundai
а) Kona Electric – Во Style изведба, електричната Kona чини 37.900 евра. За тој износ на вложени средства се добива возило со автономија од 289 km.
За погон е ангажиран електромотор од 100 kW (136 КС) кој енергијата ја добива од сет батерии со капацитет од 42 kWh. Суб-компактниот кросовер (4.180 mm) се истакнува со ниска специфична потрошувачка од само 14,3 kW/100
б) IONIQ 5 – Во влезната верзија на електричниот SUV со архитектура на хечбек, на задната оска е вграден мотор од 170 КС. Батеријата со капацитет од 58 kWh овозможува автономија од 384 km. За набавка на верзијата со ознака GLS RWD 58 kWh потребни се 47.000 evra.
– Jaguar
I-Pace R Dynamic S EV400 AWD – Зад долгиот назив стои електричен спортски SUV со должина од 468 cm. Погонската група брои 400 КС (696 Nm) доволни за максимум на брзината (електронски ограничен) од 200 км/ч и забрзување од 4,8 секунди. Автономијата од 407-470 километри се должи на сетот батерии со капацитет од 90 kWh.
– Kia
а) Niro – За овој модел домашниот увозник побарува 51.900 evra. Niro е изграден на платформа која овозможува вградување и на бензиски (хибридни) мотори.
Електричниот SUV во задниот дел има сет батерии од 64,8 kWh кои овозможуваат радиус на движење од 463 km. Електромоторот од 204 КС е вграден во предниот дел, додека верзија со погон на двете оски не е во понуда.
б) EV6 – Веќе овенчан со многу награди, EV6 кај нас се нуди со батериски сет од 77,4 kWh. На двете оски вграден е по еден електромотор, а нивната заедничка работа на располагање става 325 КС.
Големата автономија од цели 506 км. е овозможена од ниската потрошувачка која во просек изнесува 17,2 kW. Цената е поставена на 64.950 evra.
– Mercedes-Benz
а) EQA – Овој модел е предводник на електричната дивизија на германскиот производител. EQ ознаката се употребува само за електричните возила а последната буква ја означува припаѓачката класа.
Техничкиот аспек ни отркрива електромотор од 140 kW (190 KS) кој енергијата ја црпи од батерии со капацитет од 69,7 kW. Моторот е сместен во предниот дел, автономијата изнесува 426 km а специфичната потрошувачка 17,7 kWh/100km.
б) EQB – Поголемиот модел, во постава со два мотора, има батерии од 79,8 kWh. Двете оски (4Matic) добиваат максимални 228 КС (390 Nm) и можат со едно полнење да поминат помеѓу 395 и 423 км. Декларираната специфична потрошувачка изнесува помеѓу 18,1 и 19,4 kWh/100km.
в) EQC – овој модел носи батерии со капацитет од 85 kWh со кои зависно од условите може да помине помеѓу 373 и 437 km. Системската силина која ја испорачуваат двата електромотори изнесува 408 КС (760 Nm).
– MG
MG4 – Со облик на чистокрвен хечбек, MG4 е решен да го демократизира кинескиот пат до европските купувачи. Со мотор од 170 КС сместен во задниот јасно дава до знаење дека ја почитува желбата на европјаните.
Батерискиот дел го сочинува сет со капацитет од 51 kWh доволен за поминување на 350 км. кој е овозможен од релативно скромната потрошувачка од 17 kWh/100km. Цената за влезниот модел е поставена на 33.900 evra.
– Opel
а) Astra-e – Најновиот член на електричното семејство го краси истата естетика како и моделот со класични мотори. Електромоторот испорачува 115 kW (156 КС), а батеријата од 54 kWh овозможува автономија до максималните 416 км.
б) Corsa-e – Иако веќе е апдејтирана, верзијата која кај нас се нуди има сет од батерии со капацитет од 50 kWh и електромотор од 136 KС. Возилото од Б-сегментот има цена од 37.730 evra.
в) Mokka- e – На идентична корпорациска (Stellantis) архитектура, со батерии од 50 kWh и мотор со максимални 100 kW (136 КС) е поставен и суб-комапктниот кросовер Mokka. цената на Edition пакетот на опрема изнесува 40.630 evra.
– Peugeot
а) e-208 – Со автономија од 362 km доаѓа електричниот 208. Батеријата е веќе докажана во групација, има капацитет од 50 kWh и го напојува електромоторот со максимални 136 КС (260 Nm). Цената на естетски самоуверениот суб-компакт изнесува 44.880 евра.
б) e-2008 – идентична електро-механичка постава доаѓа и со кросоверот е-2008. Поради разликата во тежина радиусот на движење е помал, и е деклариран на 320 km. За кросоверот нашиот увозник побараува 47.550 евра.
– Porsche
Taycan – Пет метарската спортска лимузина е посебна во секој поглед. Минималната моторизација предвидува батериски сет од 79,2 kWh, а двата мотора развиваат максимални 408 КС (345 Nm).
Единствен е во ова друштво кој има двостепенски автоматик, кој заедно со останатите компоненти овозможува забрзување од 5,4 секунди и максимум од 230 km/h. Со оваа батерија радиусот на движење се движи помеѓу 354 и 431 километри.
– Renault
а) Twingo E-Tech electric – Најскромниот по димензии на оваа листа има батериски сет од 22 kWh и електромотор сместен во задниот дел со силинина од 82 КС (160 Nm). Оваа конфигурација овозможува домет од 190 км, што се смета за долна граница на неделни потреби.
б) Megane E-Tech electric – Наново развиен модел заснован на капацитетната групациска CMF-EV платформа. Носи мотор од 160 kW (220 КС), а батериите имаат капацитет од 60 kWh. Потрошувачката од 16,1 kWh/100km е заслужна за автономија од 450 километри.
– SsangYong
Korando e-Motion – Класичниот Korando поседува платформа која може да биде употребена и за целосно електрично возило. Батериите од 61,5 kWh се постевени под седиштата и багажникот, а овозможуваат автономија од 340 km.
Електромоторот со максимална силина од 190 КС (360 Nm) е поставен во предниот дел. За поседување на докажаниот SUV потребни се 41.900 евра.
– Toyota
bz4X – Импресивниот SUV со домет од 460 км. чини 50.990 евра. Во основната конфигурација поседува мотор од 204 КС (266 Nm) кој е поставен во предниот дел.
Батеријата со капацитет од 71,4 kWh овозможува домет до максимални 500 километри. Добар дел од заслугите за големата автономија се должат на економичната потрошувачка од 15,5 kWh/100km.
– Volkswagen
а) ID.3 – Електричниот пандан на популарниот Golf во својата електрична поставка поседува батерии од 58 kWh. Класичниот хечбек има и традиционален погон на задната оска каде што е монтиран мотор од 204 КС.
Декларираната максимлана автономија изнесува 419 км, а специфичната потрошувачка на енергија 15.4 kWh/100km. Цената е поставена на 48.821 evra.
b) ID.4 – Pro Performance пакетот чини 60.547 евра а како противредност на инвестицијата нуди мотор од 204 КС (310 Nm) кој се напојува од батерии со капацитет од 77 kWh. SUV моделот со должина од 458 cm со едно полнење може да помине до максимлани 537 километри.
v) ID.5 – Батерија со идентичен капацитет е поставена и во (Pro) верзијата на моделот. Разликата се прави во поскромниот мотор од 174 КС (235 Nm). Автономијата е фабрички декларирана на 544 км, а цената поставена на 63.504 evra.
Напомени:
– Листата на електрични возила е изготвена користејќи исклучиво материјали од службените сајтови на домашните увозници. Секаде кајшто се истакнати цените ги пренесуваме од истиот извор.
– Дадените технички податоци се фабрички што значи дека во поголема или помала мерка може да отстапат при возење во реални услови.
– Исто така може да се забележи дека се појавуваат остапки помеѓу капацитетот на батериите, специфичната потрошувачка (секаде користевме податоци според WLTP процедурите) и автономијата. Тоа се должи на методите на пресметка, некои производители го земаат максималниот а не расположливиот капацитет на батериите.
– Можно е во меѓувреме да се пристигнати нови модели или пак да е променета спецификацијата на постоечките. Сите промени ќе се потрудиме навремено да ги внесуваме во листата.
Најважно: Ако одредени модели (се рабира, ненамерно) сме пропуштиле да ги внесеме на овој список, молиме да ни се укаже на тоа и да ни се посочи изворот на информации.
Агрон Сулејман
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk