СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Се крадат катализатори и во Србија

 

Според информациите што стигнуваат од нашиот север, „бизнисот“ со крадење катализатори е доста развиен.

Проценките велат дека годишно во Србија се крадат меѓу 10 и 15 илјади катализатори, кои завршуваат во соседните земји.

Ние сигурно не сме меѓу пазарите за „употребувани“ катализатори, но таму за еден таков се добиваат меѓу 20 и 50 евра, а за некои поскапи возила и до 200 евра.

Крадците работат во тимови и опремени со хидраулични дигалки и брусилки на батерии, за симнување на еден катализатор им требаат од половина до две минути.

Најчесто можат да се спречат со паркирање под светло, на место со видео надзор или пак со вградување аларм кој реагира на вибрации.

Оние кои немаат таква можност се снаоѓаат заштитувајќи ги катализаторите на импровизиран начин, со мрежа или слична физичка заштита, но ни тоа не е некоја пречка за крадците.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот