СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Се клати ли соработката меѓу Renault и Mercedes?

Откако Renault започна да ги исфрла дизелите од својата гама (прочитајте повеќе тука), се постави прашањето што ќе биде со соработката со Mercedes.

Иако Германците демантираат дека тој е загрозен, одговорот за ова прашање се наѕира во одлуката Mercedes повеќе да не ги користи француските дизели.

Сепак факт е дека после X-класата и идната генерација на Smart ова е трето поле на кое тој нема да продолжи.

Моделите во кои тој се вградуваше – A, CLA и B класите, во иднина ќе бидат опремувани со дволитарскиот дизел OM 654q, кој е развиен од страна на Mercedes со сопствени ресурси.

Според индустриските информации овие модели веќе се произведуваат со него, но нивното пазарно лансирање ќе биде идната година.

Овој мотор веќе се вградува во GLA и GLB под ознаките 180d, 200d и 220d и располага со 115, 150 и 190 коњски сили.

Daimler и Renault успешно соработуваат веќе со години, но од широкиот заеднички  фронт досега останаа само 1.3 TCi бензинскиот мотор и доставниот Citan.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV