СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Се враќа ли Дитер Цече во Daimler?

И покрај противењето на одредени акционери, во Daimler се залагаат за назначување на Цече за претседател на компанијата.

Поранешниот извршен директор на Daimler Дитер Цече е најдобриот кандидат да биде следниот претседател на компанијата, изјави сегашниот носител на таа функција Манфред Бишоф.

Цече ја заврши својата кариера таму во мај минатата година, отстапувајќи му го раководното место на шефот за истражувања и развој Ола Калениус.

Планови тој да стане претседател на компанијата имаше уште тогаш, но согласно германската корпоративна практика се почитуваше двегодишниот рок на мирување.

Иако до неговото истекување има уште доста време, од компанијата започнаа да се залагаат Цече да седне на претседателското столче како што е планирано, на што наидоа на отпор на некои акционери.

Неговите 13 години како извршен директор честопати беа бурни, но додека претседателите доаѓаа и си заминуваа, тој остануваше главен извршен директор на Daimler, што во голема мерка се сметаше за успех.

Но, неговото наследство веднаш беше преиспитано откако Калениус беше принуден да издаде повеќекратни предупредувања за висината на профитот во ланската година.

Скоро истовремено германските власти започнаа истрага сметајќи дека некои дизел автомобили се опремени со недопустливи уреди за манипулација со издувните гасови.

Цече беше критикуван и откако пикапот на Mercedes кој беше најавуван бомбастично, доживеа слаба продажба.

Сепак, на годишната средба Бишоф им рече на акционерите дека сè уште очекува тој да биде негов наследник. „Долгото искуство го прави добар кандидат да го предводи надзорниот одбор”, изјави тој бранејќи ги своите ставови.

Одлуката ќе се знае пред крајот на годината.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV