СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Се враќа животот во Крагуевац

 

Fiat го рестартираше производството во својата српска фабрика.

После скоро четири месеци пауза, вработените во крагуевачката фабрика на Fiat Chrysler се вратија на работа.

Тие беа на платено отсуство заради пандемијата на коронавирусот и, како во март соопштија од синдикатот на фабриката, ускладување на производството со побарувачката.

Сега од таму известија дека производството на Fiat 500L продолжува во две смени, но без прецизирање на дневниот обем, односно колку возила ќе се симнуваат од производствените ленти на фабриката.

Нормално, работниците ги сочекаа засилени заштитни мерки како превенција на ширењето на вирусот. На влезот им се мереше температурата, а добија и маски, ракавици и заштитни очила.

Претходно беше направена дезинфекција на просторот и беа обезбедени дозери со средство за дезинфекција на рацете.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV