СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Секој час по 40 примероци од Xiaomi SU7

 

Гигантот на мобилната технологија се зафати во костец со сериско производство на електричен мас продукт.

Xiaomi влезе во автомобилската индустрија со сериско производство на својот импресивен седан SU7.

Првенецот на Xiaomi на 28 март започна да се произведува во фабриката, Xiaomi Super во Пекинг, Кина.

Фабриката има капацитет да произведува 40 автомобили на час, поинаку кажано тоа е по еден SU7 на секои 76 секунди.

Оваа импресивна брзина се постигнува преку напредна автоматизација, со над 700 роботи кои се задолжени со задачи како што се инсталација и проверка на склопови.

При изработка на каросеријата, 381 роботи работат заедно со 20 вработени за да ги склопат компонентите за помалку од 30 секунди.

Јасна демонстрација на прецизна и ефикасна роботска соработка.

И се разбира, мотивите за големиот капацитет на производство се црпат од огромниот интерес за SU7.

Само првата недела од отварање на листите беа забележани над 90 илјади порачки.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV