СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Салоните на автомобили се враќаат, почнувајќи од Кина

Последни ги сопреа, први ќе ги рестартираат – Кинезите ги враќаат меѓународните салони на автомобили на колку-толку редовен колосек.

Коронавирусот кој ја запре планетава тргна од Кина, но во период кога во календарот на меѓународните салони на автомобили владееше затишје.

Кога веќе започна да се наѕира опасноста од него, првите големи жртви на ситуацијата беа салоните на автомобили.

Така останавме ускратени за доста важни и помалку важни манифестации, почнувајќи од Женева.

Меѓу нив беа и салоните во Кина, посебно пекиншкиот кој редовно беше планиран за април но месец дена пред тоа беше одложен за септември.

Сега, според најновите информации, во време кога ниту еден друг барем малку позначаен салон на автомобилите не е извесен, кинеските организатори објавија дека салонот во Пекинг сепак ќе се одржи, нормално, со засилени мерки за здравствена заштита на изложувачите и посетителите.

Датумите се истите објавени претходно – од 26 септември до 5 октомври. Засега нема информации дали изложбениот капацитет ќе биде ограничен на било каков начин, или пак мерките ќе се однесуваат само на физичкото присуство на луѓето.

Салонот во Пекинг прв пат беше одржан уште во 1990 година и оттогаш наваму, како еден од поважните светски автомобилски настани се одржува на секои две години, наизменично со салонот на автомобилите во Шангај.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV