СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Редизајнираната Opel Mokka прикажана на стручната јавност

 

Со почетна цена од 21.990 евра (Edition пакет на опрема) за бензиска верзија од 136 КС, благо редизајнираната Mokka веќе е во редовна понуда.

Opel ја нуди Mokka – својот модел од SUV Б-сегментот – во бензиска, хибридна и како целосно електрична варијанта.

Mokka веќе три години успешно го живее својот век конкурирајќи во сегментот на градски SUV возила.

Редизајнираниот наследник е во обид да ја продолжи успешната приказна.

Притоа еден од главните аргументи е благиот редизајн на предната секција, која и понатаму го носи препознатливиот потпис, но сега збогатен со децентни промени. Во центарот е поставена традиционалната молња која недвосмислено асоцира на брендот.

Промени се извршени и во внатрешноста, но исто така препознатливиот потпис остава да сведочи за успешноста на основниот модел.

Подобрениот комуникациски интерфејс и поголемиот дисплеј треба да послужат за полесно разбирање на возачот и возилото.

„Новата или редизајнираната Opel Mokka припаѓа на B-SUV сегментот и можам со задоволство да кажам дека е навистина една од највпечатливите возила во својата класа.

Особено новите бои кои ја прават уште повеќе смела и самоуверена во секој поглед. Opel Mokka се осмелува да биде различна уште на прво видување.

Клиентите веднаш ги привлекува надворешниот изглед, а дополнително се фасцинираат и од нејзината внатрешност и целата технологија која што е употребена за уште поголемо уживање при возење. Воедно запазувајќи го пристапот на „Greenovation“ на брендот Opel“ – изјави Драган Јовев, продукт менаџер за Opel во Еуроимпекс.

Изложениот модел беше опремен со бензински мотор од 1.2 136 КС и GS ниво на опременост, a опцијата со Edition пакет на опремена чини 21.990 евра.

Кога сме кај трицилиндерскиот мотор од 1,2 литри да напоменеме дека сега брегастата оска се придвижува со ланец (конечно) што би требало да значи надминување на досегашните проблеми со погонскиот ремен, односно зголема доверливост на погонската единица.

Клиентите кои претпочитаат алтернативен погон можат да ја изберат новата Mokka Hybrid со 48V-технологија со 100 kW (136 КС) 1.2-литарски турбо бензински мотор, поптомогнат со електромотор од 21 kW (28 КС) како и со нова електрифицирана шестстепена двојна спојка.

За лубителите на еколошкото возење, компактниот SUV се нуди и во чисто електрична верзија со електромотор од 115 kW (156 КС) и батерија со капацитет од 54 kWh. Автономијата од 403 km (WLTP2) со нулта емисија на издувни гасови ќе ги развесели екологистите.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг