СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Продолжен BMW X5 за Кина

 

Откако BMW го зголеми своето учество во заедничката компанија со Brilliance на 75%, започна да ја шири својата понуда во Кина.

Новитетот е BMW X5 чие меѓуоскино растојание, согласно желбите на кинеските купувачи, е продолжено за 130 милиметри.

Така овој теренец сега има идентично меѓуоскино растојание од 3.105 mm како и поголемиот X7, иако тој останува најдолг во гамата.

Тоа најмногу се одрази на зголемениот комфор со повеќе место за нозете на патниците назад, кои добија и специјално дизајнирани седишта.

BMW X5 Li има и продолжени задни врати за полесно влегување на задните седишта, панорамски стаклени покрив, воздушно ослонување, aеродинамичен пакет…

Во понуда ќе биде во две верзии, со 265 и 333 KS, осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала.

Овој модел е наменет само за кинескиот пазар и нема да се продава во други земји во светот.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот