СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Продажбата на електрични возила во Германија зголемена трипати

 

Според германската сојузна агенција за патен сообраќај KBA продажбата на електрични возила во земјата лани е за три пати поголема.

Податоците велат дека во текот на 2020 година се испорачани 194.163 целосно електрични возила, при што нивното учество во последниот квартал изнесуваше 22 проценти.

Ваквиот силен раст на продажбата според KBA се должи на привлечноста и разновидноста на понудата во која сега се присутни сé повеќе доверливи технологии.

Тоа според нив е сигнал дека земјата е на добар пат да ги оствари и надмине целите до 2030 година на своите патишта да има седум до десет милиони регистрирани електрични возила.

Електрификацијата ја предводеше Volkswagen со 23,8 проценти пазарно учество, следен од Renault (16,2%) и Tesla (8,6%), а многу блиску беа и Smart (8,3%) и Hyundai (8,2%).

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV