СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Претставен електричниот Peugeot Partner

 

Веднаш после своите полубраќа близнаци Berlingo и Combo, и Peugeot Partner доби електричен погон.

Доставниот Partner е трето електрично возило во комерцијалната гама на Peugeot, со што францускиот производител се етаблира како еден од првите кои нудат целокупна палета возила за сечии потреби.

Електричниот Partner ќе доаѓа во две должини и две изведби, како фургон со 3 седишта и со продолжена патничка кабина за 5 лица.

За погон ќе биде задолжен веќе познатиот електромотор на групацијата кој развива максимални 136 KS и 260 Nm, кој на возачот ќе му овозможи користење во три режими на работа – Eco, Normal и Power.

Вградената батерија со капацитет од 50 kWh му овозможува автономија до 275 km со едно полнење, кое на домашна мрежа со полнач од 7,4 kW ќе трае 7,5 часа, а на брз полнач од 100 kW до 80% од капацитетот само триесетина минути.

Внатрешноста на e-Partner веќе е добро позната – во неа се среќаваат дигиталниот i-Cockpit на кој опционално може да му се придружи и дигитална инструмент табла.

Сите практични додатоци кои ја зголемуваат функционалноста на возилото и капацитетите се задржани од верзиите со мотори со внатрешно согорување.

Продажбата на електричниот Partner ќе започне во октомври, кога ќе бидат познати и точните цени на сите изведби.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот