СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Првиот електричен автомобил на Toyota ќе биде SUV

 

Toyota се подготвува за својата електрична револуција која треба да започне идната година со претставувањето на првиот ваков модел.

А тој според информациите што ги објави јапонскиот производител ќе биде SUV со димензии колку RAV4, кој сега е достапен како хибрид и плаг-ин хибрид.

Ќе биде поставен на новата флексибилна платформа со назив e-TNGA, конструирана да може да поддржи низа возила со различна големина и облик.

Овој автомобил кој ќе биде производ на соработката меѓу Toyota и Subaru ја има ознаката BZ како кратенка од Beyond Zero, но конечното име засега не е познато.

Треба да има препознатливи и поинакви линии во однос на остатокот од гамата на Toyota, исто како што Prius има сопствен идентитет.

Од Toyota уште соопштија и дека иако развојот сé уште му трае, се вршат подготовки за неговото производство кое ќе се одвива во Јапонија.

Повеќе детали за овој прв електричен модел на Toyota ќе бидат објавени во наредните месеци.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV