СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Првата серија на Hummer распродадена две години пред појавувањето [видео]

 

General Motors направи одличен потег враќајќи го славното име во живот.

Половина година после пикап верзијата, Hummer сега е претставен и во стандардна SUV изведба.

Заеднички им се целокупната механика и огромниот пазарен интерес – првата серија која ќе се појави на почетокот на 2023 година е распродадена.

General Motors не кажува за колку примероци се работи, но не ја крие цената од 105.595 долари, зголемена за уште 5.000 за Extreme Off-Road пакетот, кој сака.

Опремена е со три електромотори со максимални 830 KS и дури 15.590 Nm вртежен момент, кои ќе го истераат спринтот до 96 km/h за 3,5 секунди.

Малку, ама само малку поскромна е варијантата со два електромотора и 625 KS, која исто како и претходно споменатата има батерии со 800-волтна технологија, додека основната верзија на Hummer доаѓа со 400 волти.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот