СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Поминал на 63 црвени светла во затворен тунел!

 

Низ колку црвени светла треба да поминете за да сфатите дека треба да застанете?

Вакво прашање не може да се сретне ни во некоја пародија за ептен лоша обука во авто-школите, ама очигледно некому мора да му се постави.

Еден таков е и 25-годишниот Германец кој влегол во тунел затворен за сообраќај и дури на 64-тото црвено светло се свестил дека не смее да вози низ него.

Тешко е да се поверува дека вакво нешто е можно, ама уште потешко во она што го направил кога конечно црвените светла му удриле во глава.

Тој едноставно, застанал, свртел полукружно на две полни линии и се вратил назад низ тунелот долг цели 17 километри!

Настанот се случил во швајцарскиот тунел Готард кој бил затворен за сообраќај заради поминување на специјален транспорт.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот