СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Половина чекор до половична електрификација

 

Додека бројот земји кои ќе ги забранат автомобилите со мотори со внатрешно согорување расте, Американците го бараат балансот меѓу сопствените желби и интересите на индустријата.

Така според претседателот Бајден, до 2030-та половина од новите автомобили во САД треба да бидат, да го употребиме неговиот термин, способни за нулти емисии.

Во превод тоа значи да бидат електрични, плаг-ин хибридни и возила со погон на водород односно со горивни ќелии.

Домашните производители на возила начелно го подржаа ваквото размислување, потврдувајќи дека и нивните амбиции се слични.

Анализата на Белата куќа покажала дека со ова годишно ќе бидат заштедени 750 милијарди литри гориво и испуштено во атмосферата 2 милијарди тони CO₂ помалку.

Детали многу нема освен дека се работи на два стандарди од две различни сојузни агенции со кои за две до пет години треба да се постави споменатата цел.

Првиот чекор сепак ќе се случи побрзо – Бајден планира да ги заостри прописите за потрошувачката на гориво, кои ги воведе Обама а Трамп ги ублажи.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV