СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Поглед низ бројките: VW Golf ја поврати топ-позицијата

За периодот јануари-јули најпродаван модел во Европа е Golf, одблизу следен од Clio.

После проблемите предизвикани од софтверот на автомобилот заради што Volkswagen мораше да запре со испораките, Golf успеа да ја поврати бестселер круната во Европа.

Според Jato Dynamics, во јули се продадени 31.148 примероци од Golf, a 24.901 од Clio кој претходните два месеца беше на неговото место.

Вкупно од почетокот на годината досега за Golf се имаат решено 150.804 купувачи, а за Clio 143.132.

Очекувано, овие бројки се далеку помали од ланските истиот период – кај Golf за 40,0%, а кај Clio за 30,5%.

Далеку зад нив но многу блиску еден до друг, на третото и четвртото место се најдоа Peugeot 208 (105.375) и Volkswagen Tiguan (105.101).

Топ-10 листата ја дополнија уште Ford Focus (101.927), Opel Corsa (99.428), Škoda Octavia (97.616), Toyota Yaris (93.519), Volkswagen Polo (93.493) и Renault Captur (90.071).

Покрај во западниот дел од Европа (податоците на Jato Dynamics опфаќаат 28 држави – земјите на ЕУ без Малта, Хрватска и Бугарија, плус Велика Британија, Норвешка, Швајцарија и Исланд), Golf беше број 1 и во Германија, Белгија и Луксембург, а Clio само на домашниот француски пазар.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV