СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Пат што ќе ги полни електричните автомобили во возење

 

Дали е на повидок решавање на горливото прашање со полнењето на батериите на електричните автомобили?

На тоа се надева и администрацијата на американската сојузна држава Индијана која во соработка со универзитетот Пердју и германската компанија Magment гради пат што ќе ги полни електричните автомобили во возење.

Проектот ќе се реализира во три фази – првите две вклучуваат различни испитувања на коловозот со магнетизиран бетон и негова оптимизација, а полнењето ќе се реализира во третата.

На почеток само на делница од барем половина километар, а потоа и на дел од автопатската мрежа на Индијана.

Останува нејасно какви техники и технологии инженерите планираат да користат за производство на енергија која ќе биде доволна за погон на електричните возила.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV