СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Освежена Mazda2

 

Mazda објави дека нивниот најмал модел за моделската 2022 година доби серија освежувања.

Најважното е надградениот 1,5 литарски Skyactiv-G погонски склоп кој на Mazda2 ќе ѝ обезбедува подобрено возење, поголема ефикасност и намалени емисии на CO₂.

Достапни се верзиите со 75, 90 и 115 коњски сили, од кои двете посилни во комбинација со мануелен менувач се опремени со plug-in хибридна технологија.

Меѓу понатамошните унапредувања дизајнерите на Mazda го издвојуваат поедноставувањето на ентериерот со отстранување на одредени елементи, со што тој изгледа поелегантно.

Надвор корекциите се суптилни и се однесуваат на браниците, маската и светлата кои ја нагласуваат фино обликуваната форма на овој мал хечбек.

Опремата е подобрена со ситни но практични нешта, како што се ретровизорот со автоматско затемнување, загреваниот управувач, безжичното Android Auto и Apple CarPlay поврзување и друго.

Корекции има и на подвозјето со што се подобрени динамиката на возењето, управливоста и удобноста при патувањата, посебно на нерамни патишта.

Освежени се и ценовниците, за чии бројки Mazda вели дека нема многу да се менуваат.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот