СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Објавени првите информации за Fiat Grande Panda

 

Fiat Grande Panda – дизајнирана во Италија, ќе се произведува во Србија, а ќе се продава глобално – првични информации за новиот модел на Fiat.

Fiat убаво се чуствува во големото семејство на Stellantis групацијата.

Прилично остаренaтa моделски понуда, добива засилување во сегментот на исклучително популарниот европски Б-сегмент.

Како што имплицира името, новодојденецот е многу поголем од стариот автомобил. Долг е 399 cm, што го прави за 30 cm подолг од третата генерација на Panda, лансирана уште во 2011 година.

Постоечката Panda ќе состане во понуда се до 2027 година, а Grande-верзијата не може да се пофали дека дели заеднички гени со актуелниот модел.

Да секако, се работи за истите Fiat-родители, но сега условите за раст и развој се сосема поинакви.

Grande Panda е поставена на корпорациската „STLA-Smart“ платформа, идентична со таа врз која е изграден и двоецот, Citroën C3 и e-C3.

Во техничка смисла тоа значи дека и основните механички компоненти ќе бидат идентични, а разликата, пред се, ќе ја прават дизајнерските студија.

Првите визуелните експресии говорат дека Grande Panda повеќе ќе кокетира со робусниот впечаток што го оставаат градските кросовери. Внимателниот поглед ќе открие низа современи решенија својствени за електричните SUV возила.

Во овој момент фотографии од внатрешноста не се лиферувани, но никој не се сомнева дека тие ќе бидат во чист италијански стил.

Fiat 500 и 500L кој сé до минатата есен се произведувааа во фиатовата фабрика во Крагујевац, сега ќе бидат заменети со продукција на Fiat Grande Panda.

Grande Panda ќе се продава со хибридни и електрични погонски единици, веројатно истите достапни за Citroen C3.

За очекување е присуство на 1,2-литарски турбо бензински мотор со три цилиндри, кој во благо хибридна верзија би требало да функционира заедно со шестстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Бензинецот испорачува 100 коњски сили, додека електричниот мотор обезбедува краткотрајна помош од 28 КС. Сепак, тој е-мотор континуирано може да испорачува само 12 КС.

Еколошкиот момент (строгите Euro норми) секако ќе биде застапен и кај целосно електричната Grande Panda. Се шпекулира дека и на таа позиција ќе настапи  е-моторот од 113 КС кој веќе се врти во e-C3.

За испорака на енергијата треба да се грижи современата LFP батерија од 44,0 kWh која обезбедува радиус на движење од солидни 320 km.

Grande Panda има глобални амбиции. Од Крагуејвас возилата ќе патуваат не само на европскиот пазар – Fiat има амбиции да го продава новиот модел и на Блискиот Исток и Африка.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот