СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нов живот за стариот Land Rover

Defender, оној оригиналниот, се пензионираше пред четири години но никогаш не отиде во пензија.

Звучи контрадикторно, но така е – Twisted Automotive е една од неколкуте компании кои сé уште го одржуваат во живот легендарниот теренец.

Бизнис-формулата е едноставна – оваа англиска фирма има набавено доволни количини возила, нови пред да им престане производството, а после тоа половни со мала помината километража и сега ги преработува.

Најновиот нивни проект е електричниот NAS-E, кој е базиран на северноамериканската верзија на Defender со мек покрив и кратко меѓуоскино растојание.

Ќе биде понуден во две верзии – со 214 и 320 коњски сили, и двете со батерии од 60 kWh и автономија од околу 320 km.

Внатрешноста е модернизирана со современ инфозабавен систем со екран чувствителен на допир, кожени седишта, спортски управувач и друго.

Ќе бидат направени само 30 вакви електрични возила, наменети за американскиот пазар, по цена од 185, односно 210 илјади долари за посилната верзија.

Како најавуваат Британците, првите примероци ќе бидат комплетирани во октомври.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот