СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нова јапонска антихакерска алијанса

 

Заедничката мака ги натера да се договорат – 90 јапонски компании склучија алијанса за подобра заштита на автомобилите од хакерски напади.

Предводени од Nissan и Toyota, Јапонците се договорија за основите на кои ќе функционира идната заедничка соработка за поголема сајбер безбедност на автомобилите.

Таа се состои од детектирање и анализирање на пропустите во автомобилскиот софтвер и негово ажурирање, и тоа еднаш неделно.

Воочените недостатоци и информации за можни безбедносни ризици ќе бидат разменувани меѓу компаниите и воопшто со светот.

Покрај Nissan и Toyota, во овој конзорциум членуваат и многу други големи имиња од информатичкиот свет – Microsoft, Trend Micro, NTT Communications, Denso, Panasonic

Тие очекуваат дека за оваа работа заедно да трошат меѓу 200 и 300 милиони јени (1,8 до 2,7 милиони долари) годишно.

Оваа иницијатива е од големо значење за иднината на поврзаноста на автомобилите бидејќи со хакерските напади на нивната електроника нивната безбедност може сериозно да биде загрозена.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот